Барселона активна и повеќе од потребното: Покрај Јовиќ преговори и околу ново име на „Камп Ноу“?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминувањето на Ракитиќ сега е јасно, а сега остана прашањето кој ќе пристигне во нападот, како замена за Суарез…

Изгледа дека Адријен Рабио сепак на крајот ќе заврши во Барселона.

Неговата мајка се сложи со клубот да преговара со посредник, во еден момент изгледаше дека трансферот пропадна, па Каталонците ја повлекоа понудата. Таа, интересно сега ќе биде послаба, но Рабио сепак сака на „Камп Ноу“.

Тоа ќе значи заминување на Ракитиќ кој ги одби англиските екипи, но и ПСЖ, се договори со Интер и за сума од околу 35 милиони евра би требало да се пресели во Серија А.

Но, француската револуција би можело да продолжи бидејќи освен Јовиќ, Барселона го следи и Николас Пепе од Лил. Им помага тоа што Марк Ингло, човек на Барселона е директор на Лил. Скаутите го гледаа неколкупати интернационалецот на Брегот на слоновата коска, и за викендот против Монпелје, не постигна гол, но импресионираше со својата игра.

Тој во Лил е од 2017. година, одби веќе неколку екипи како Шалке, Севиља и Лион со цел да игра.

Го сака сега и Баерн Минхен, има 23 години, игра на крило, иако може како централен напаѓач. Не е тесно врзан со доведувањето на Јовиќ, но тешко е да се поверува дека едниот и другиот би можеле да пристигнат на лето на „Камп Ноу“.

Сепак, Јовиќ е поблиску и попотребен, особено бидејќи Суарез покажува чудни знаци, па во случај брзо да се вклопи, српскиот интернационалец би можел многу брзо да биде во конкуренција за стартниот тим…