“Барселона го сака Срна, но не одлучувам јас“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Паоло Фонсека, тренерот на украински Шахтјор, за Ел Мундо Депортиво потврди дека Дарио Срна е желба на Барселона.

На челниците на каталонскиот клуб во јануари приортер ќе биде да ја засилат десната бековска позиција, а тренерот Луис Енрике инсистира на искусно решение и прва опција е 34-годишниот Дарио Срна од редовите на Шахтјор.

Дека бомбата е на повидок потврди и тренерот на клубот од Доњецк. Паоло Фонсека во пресрет на натпреварот против Брага се навратиа можниот трансфер на Срна за кој веќе некое време се шпекулира во шпанските медиуми.

„Барселона го сака Срна, но јас не донесувам одлука. Знаеме колку е важен за нашиот клуб, толку години е овде. Искрено се надевам дека нема да замине“, рече Фонсека.

Договорот на Срна важи до крајот на сезоната.

Доколку Барселона го сака веќе на зима, сопственикот и претседателот на Шахтјор Ринат Ахметов нема сигурно да му прави проблем поради големата лојалност која ја покажа.