Барселона донесе одлука: Познато кој ќе го предводи тимот наредната сезона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона гази кон нова титула во шпанската Ла Лига, а исто така Каталонците се конкуренти и за титулите во другите натпреварувања.

Имаше шпекулации дека тренерот Ернесто Валверде ќе си замине од тимот, поради тоа што управата не била сигурна во неговите квалитети.

На него договорот му завршува на крајот на сезоната, а нова соработка не беше потпишана, а тоа е доволен мотив за медиумите да почнат шпекулации.

Меѓутоа, претседателот на Каталонците, Жозеп Бартомеу кажа дека Валверде ќе остане тренер и наредната сезона.

„Ние немаме сомнеж во неговите квалитети и сигурни сме дека договор наскоро ќе биде постигнат. Тој е голем работник и многу интелигентна личност“, кажа првиот човек на каталонскиот гигант.