Барселона е измамена! Трансферот на Габигол во Интер не е регуларен?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дали Каталонците се изиграни?

Со недели Интер пробуваше да го реализира трансферот на Габриел Барбоса популарниот Габигол и кога тоа конечно им успеа во финишот на преодниот рок, сега е лансирана приказна дека не било се по законот.

Барселона се жали дека била измамена во случајот Габигол.

Бразилскиот тинејџер веќе некое време важи за еден златните грутки на светскиот фудбал и речиси да нема од поголемите клубови кој не беше заинтересиран за него.

Барселона најчесто се споменуваше, но и Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал, Јувентус, Борусија Дортмунд… Интер успеа да ја добие големата битка, поготово што финансиски беше рамноправен со споменатите клубови, а нема ни резултати кои би го привлекле силно бараниот Бразилец.

Кога Интер конечно потпиша со Габигол за 28.5 милиони евра на име оштета на Сантос и останатите сопственици на договорот, се јави Барселона која е спреми тужба бидејќи наводно е изиграна.

Барселона имаше некој вид на право на првенствено купување на младиот Бразилец. Таков договор е потпишан кога Нејмар преминал во Барселона.

Сантос тогаш доби дополнителни 8 милиони евра но Барселона да има предност кога од клубот ќе заминуваат тогашните најталентирани јуниори, Габигол, Жива, Андраде. Поточно, Барселона да има право во рок од три дена да ја израмни понудата на било кој заинтересиран клуб за некој од споменатите тројца и во тој случај таа да го добие играчот.

Сантос во претходниот понеделник испрати мејл до Барселона со понудата од Интер и наводно и даде шанса да ја израмни понудата, иако играчот веќе стигна во Милано на лекарски прегледи и потпис на договор.

Барселона имаше три дена да одоговлекува со договорот, но Сантос не сочека и веќе во вторник го продаде Габигол.

Каталонците сега се жалат дека Сантос го прекрши договорот и дека трансферот не е реалзииран по правилата поради што ќе бара оштета.