„Барселона за мене е најдобар клуб во светот“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марко Верати на крајот на оваа сезона би можел да го напушти ПСЖ затоа што интерес за него покажаа неколку европски гиганти.

Тој пред неколку години стигна во ПСЖ од Пескара. Сепак, тој брзо порасна во важен дел од тимот на ПСЖ, а за него се заинтересирани многу тимови.

Познато е дека тој е голема желба на Јувентус, но по се изгледа дека нема желба да се врати во италија. Покрај нив најмногу интерес за него покажа Барселона која одлучи да го донесе ова лето.  Според последните информации, тој нема ништо против тоа.

„Иако сум дел од одличен проект во ПСЖ и тука навистина се чувствувам како дома, секој играч сака да игра за Барселона. Тие за мене се најдобар тим во светот. Имаат неверојатен напад и одлични играчи.“