Барселона и Реал во ново „Ел класико“, но овој пат за екстра талентиран Бразилец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид очигледно реши да пазарува во Јужна Америка. Тие досега од таму ги ангажираат Винисиус и Родриго, а наскоро ќе пристигне и Езекиел Паласиос.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез не сака да запре, па разговарал со газдата на Коринтијанс, Андрес Санчез за талентираниот Педрињо.

Бразилецот има 20 години и може да игра на повеќе позиции во средниот ред, а најдобро настапува како десно крило.

Педрињо, наводно, го посетил легендарниот Роналдо, кој е сопственик на Ваљадолид, а се претпоставува дека не зборувале само за тоа, туку и за можноста прво да настапува за Ваљадолид како позајмен фудбалер пред да се прилагоди на Ла Лига.

Меѓутоа, ниту Барселона не седи мирна во овој случај и е подготвена да понуди дури 50 милиони евра за неговиот трансфер.