Барселона најде замена за Маскерано?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Маскерано по се изгледа дека ќе го напушти тимот.

Маскерано веќе 7 години игра во Барселона и освои се што може да се освои. За него се зборуваше дека и минатото лето ќе замине, но ова лето тоа дефинитивно ќе се случи, затоа што и тој самиот кажа дека сака да замине во друг клуб.

Со неговото заминување се отвора место во одбраната на Барселона, а тие на мета имаат неколку стопери. Според медиумите, прва желба е Маркињос.

Иако веќе долго време е на европската сцена, тој има само 23 години и е мета на уште неколку тимови од Англија.