Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Луис Енрике, Гвардиола, Мурињо, сите се луди по овој бек.
Кајл Вокер е еден од најбараните бекови во светот, а во последните денови се поврзува со трансфер во Барселона.
Позицијата на десен бек цела сезона е проблем на Барселона, а откако не се засилија во зимскиот преоден рок одлучија дека нема да згрешат повторно и во летниот преоден ро.
Најголема желба им е Вокер, 26-годишниот бек на Тотенхем.
Договор со Тотенхем има уште 4 години, а исто така е среќен во Лондон, но целта му е наредната сезона да игра во ЛШ.
Освен Барселона, него го сакаат гигантите од Манчестер. Планираат да го донесат во пар со Дени Рос, а подготвени се да платат вкупно 70 милиони евра.