Барселона се откажува од тројца свои играчи

Како што пишуваат медиумите во Шпанија, Ернесто Валверде ќе се откаже од услугите на тројца свои играчи во јануарскиот преоден рок.

Пако Алкасер, Арда Туран и Рафиња се играчите кои со сигурност ќе го напуштат „Камп Ноу“ оваа зима. За нив постои интерес од неколку клубови од Шпанија, Турција и Англија.

Арда Туран речиси сигурно ќе се врати во Галатасарај од каде ја почна блескавата кариера. За Рафиња заинтересирани се неколку клубови од Премиер Лигата, а талентираниот фудбалер се најавува како засилување за Ливерпул.