Барселона ја изгуби битката: Де Лигт ќе оди во Баерн или во Јувентус


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Според информациите до кои дојде шпански АС од извори блиски на каталонскиот тим, 19-годишниот штопер на Ајакс, Матијас де Лигт веројатно нема да заигра на Ноу Камп, а ќе заврши во Баерн или во Јувентус.

„Веруваме дека на крај Де Лигт ќе заврши во Баерн или во Јуве. Пробавме се, но веќе не можеме ништо да направиме, бидејќи тој ќе го направи она што ќе му го каже неговиот агент Мино Раиола“, изјавил за АС изворот од Барса.

Шпанскиот првак имаше намера во пакет да ги доведе Де Лигт и младата надеж Френки де Јонг. Сепак како што стојат работите Де Лигт нема да го добијат, но Де Јонг би можел да го облече дресот на каталонците.

Де Лигт со своите игри привлече големо внимание од европските великани и со само 19 години веќе е еден од најдобрите дефанзивци на Стариот континент.