Бастија е казнета поради навивачките нереди против Лион


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Бастија и Лион помина во навивачки нереди, кога домашните навивачи ги нападнаа играчите на Лион на загревањето.

Натпреварот започна со 45 минути задоцнување, но на полувремето следуваше нов напад, овој пат на голманот Лопез, па натпреварот не продолжи.

Поради нередот Бастија доби казна од ФС Франција. Овој клуб наредниот домашен натпревар ќе го игра на неутрален терен и тоа без присуство на навивачи.

Бастија како противник на тој натпревар ќе го има Рен на 29 април, а сеуште не е познато каде ќе играат.