Батлер му ја донесе победата на Чикаго против Атланта


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чикаго ја победија Атланта со 106:104 и стигнаа до важна победа во борба за плеј-оф на Истокот.

Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а поени за победа постигна Батлер од линијата за слободни фрлања.

Токму тој беше најдобар со 33 поени, 5 скокови и 8 асистенции. Рондо имаше 25 поени, 11 скокови и 6 асистенции, но имаше и 7 изгубени топки.

Кај гостите Шродер постигна 29 поени, а Хардавеј постигна 20.

Со оваа победа тие се израмнија на делба на 7-то место со Мајами и Индијана со резултат 37 победи и 39 порази.