Батсуаи се враќа во Франција: Фудбалерот на Челси потпишува за…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Спортс“ дознава дека фудбалерот на Челси, Мичи Батсуаи ќе се врати во Франција и ќе потпише шестмесечен договор за позајмица со тимот на Монако.

Талентираниот напаѓач од редовите на Марсеј стигна во Челси, но не доби многу шанса за настап на „Стемфорд Бриџ“ па повеќе играше на позајмици.

Минатата сезона одигра одлично во Борусија Дортмунд, но првиот дел од оваа сезона не помина најдобро за белгискиот напаѓач во редовите на Валенсија од каде и официјално е потврдено дека е прекината позајмицата на фудбалерот.

Сега, белгискиот репрезентативец ќе му се приклучи на соиграчот од Челси, Фабрегас во Монако, тим кој е предводен од легендарниот Анри и од кого Батсуаи сигурно ќе научи многу.