„Бајката наречена Лестер е завршена!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клаудио Раниери се помири со фактот дека бајката на неговиот Лестер завршила.

Со освојување на титулата Лестер минатата сезона важеа за светска сензација во фудбалот, меѓутоа денес во однос на минатиот период се наоѓа на 2 позиции над зоната за испаѓање.

„Сфаќам тоа што го направивме беше неверојатно. Минатата година чекав да се случи такво нешто, се беше како што треба, а сега е се погрешно. Мислам дека многу размислуваме за тоа што беше минатата година и мислевме дека можеме да го повториме тоа.“

„Верувам дека можеме да стигнеме, мораме да бидеме заедно и со навивачите. Тие минатата сезона уживаа, а сега помалку, но ние сме силни. Ако сте губитник во фудбалот, губитник сте и во животот.“