Беговиќ замина од тимот, но Челси си најде нов голман!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Беговиќ вчера замина од Челси во Борнмут, а тимот на Челси не чекаше многу да најде негова замена.

Тие би требало да се засилат со Алфонсо Ареола, 24-годишен голман кој игра за ПСЖ.

Тој е резервен голман во ПСЖ, а со доаѓањето на Трап го изгуби местото меѓу стативите.

Понудата на Челси е веќе испратена. Се очекува одговор, но не се знае дали 24-годишниот голман би сакал да седи уште некоја сезона на клупата.

Ареола ги помина младинските категории на ПСЖ. Доби шанса и во првиот тим, а бранеше и на позајмици во Ленс, Бастија и Виљареа.