Белгија со две акции како од учебниците ја совлада незгодната Швајцарија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Белгија ја запиша својата втора победа во Лигата на Нациите во Групата 2 во рамките на Лигата А, откако со 2:1 славеше против Швајцарија.

Првиот дел заврши без голови и без поголеми возбудувања, но затоа второто полувреме ни понуди доста подобар фудбал.

Белгијците први дојдоа во водство преку Ромелу Лукаку во 58. минута. Асистент на погодокот беше играчот на ПСЖ, Томас Меуние.

Гаврановиќ во 76. минута го изедначи резултатот, а точка на натпреварот стави напаѓачот на Манчестер Јунајтед со својот втор погодок вечерва во 84. минута.

Хрватска и Англија пак одиграа здодевно реми на Рујевица завршувајќи со најнепосакуваниот резултат, 0-0.