Бензема и Роналдо за финале – Зидан и Реал Мадрид ја продолжија серијата без пораз


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот полуфинален натпревар од светското клубско првенство кое се одржува во Јапонија, фудбалерите на Реал Мадрид славеа против Клуб Америка со 0:2.

Клуб Америка на почетокот на натпреварот успеваше да се одбрани. Роналдо после одбиена топка од слободен удар испрати силен шут кон голот на Муњоз кој фантастично го спречи шутот. Неколку минути подоцна Роналдо ја погоди стативата по шутот. Во судиското продолжение од првото полувреме фантастична асистенција на Тони Крос и погодок на Карим Бензема за водство на кралскиот клуб. Фудбалерите на мексичкиот клуб шутираа од далеку, но немаше проблеми за Кејлор Навас. Роналдо и во второто полувреме имаше одлична шанса за зголемување на водството, но дефанзивецот на Клуб Америка во последен момент реагираше и спречи топката да влезе во мрежата. Потоа ѕвездата на кралскиот клуб со глава промаши празен гол. Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората кој што влезе во второто полувреме пред крајот на натпреварот шутираше непрецизен. Кристијано Роналдо во финишот на натпреварот погоди за 0:2.

 

Реал Мадрид во финалето на светското клубско првенство ќе игра против Кашима во недела во 11:30 часот, а Клуб Америка во битка за третото место ќе игра против Атлетико Национал.