Бензема после обвинувањата за киднапирање: Свету, дали си сериозен?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема наводно е обвинет за киднапирање, пренесуваат шпанските медиуми.

Во последно време се повеќе имиња на фудбалери се доведуваат во контекст на разнорасни незаконити работи, но за сега ниту еден случај не се испоставил како вистинит.

Еден од оние кој се најде во центар на скандал е Бензема, кој одлучи по повод овој случај да се огласи на Твитер.

„Свету, дали си сериозен“, напиша кратко Бензема.

Да потсетиме, некогашниот репрезентативец на Франција беше обвинет за уцена на соиграчот од репрезентацијата, Валбуена, на кој му се закануваше дека ќе објави снимки од интимна природа. Бензема од тогаш не игра за репрезентацијата.