Бенитез открива неверојатни детали: Каков бил Кутињо на 18 години?


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Тренерот на Њукасл, Рафаел Бенитез вели дека уште во првите денови се видело дека Кутињо е талент.

Бенитез неколку месеци работел со Кутињо во 2010-та година во Интер, од кој Бразилецот потоа преминал во Ливерпул за 10 милиони евра, а сега замина во Барселона за 142 милиони фунти.

„Беше пријатно изненадување да се има фудбалер со вештините на Кутињо. Имавме шанса да играме со фудбалер кој во нашата ера во Интер имаше голем квалитет и можеше да им направи големи проблеми на противниците. Имаше одлично додавање, удар и се останато.“

„Се сеќавам дека најмногу импресионирани бевме од неговата визија да испрати завршно додавање, а тоа е многу важна карактеристика. Најдобро од тоа е што тој е скромен дечко, вреден професионалец кој сака многу да учи.“

Бенитез вели дека и тогаш било тешко да му најде недостатоци на Кутињо.

„Не знам дали е тоа негативно или само последица на годините, но се сеќавам дека беше срамежлив. Тоа што не интересираше нас е тоа какви фудбалски вештини имаше тој.“