Бентеке и Заха го паднаа на колена Челси на Стемфорд Бриџ, Лестер и Тотенхем со нови победи, Јунајтед само бод против ВБА (ВИДЕО)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Од 30-то коло од Премиер Лигата се одиграа уште шест натпревари.

Кристал Палас направи изненадување и го совлада Челси на Стемфорд Бриџ, 1:2.

После пет минути игра Челси имаше водство. Сеск Фабрегас ја затресе мрежата на Кристал Палас. Радоста на навивачите на сините не траеше долго бидејќи четири минути подоцна Вилфрид Заха го израмни резултатот.


Cesc Fabregas Goal HD – Chelsea 1-0 Crystal… by Foot_Videos


Wilfried Zaha Goal HD – Chelsea 1-1 Crystal… by Foot_Videos

Две минути после погодокот на Заха, Кристијан Бентеке донесе водство на гостите. Хенеси до крајот на првото полувреме одлично ги одбрани ударите на Коста и Матиќ.


Christian Benteke Goal HD – Chelsea 1-2 Crystal… by livescoreIn

Во второто полувреме Заха имаше шанса да го постигне вториот погодок на натпреварот, но Куртоа го одбрани неговиот удар. Коста и стрелецот на погодокот за Челси, Фабрегас до крајот на натпреварот се заканија по голот на гостите, но резултатот не се промени, 1:2.

 

Лестер на Кинг Пауер го победи Стоук, 2:0.

Вилфред Ндиди постигна фантастичен погодок од далечина во првото полувреме за водство на лисиците. На почетокот на второто полувреме Џејми Варди го зголеми водството на Лестер.


Wilfred Ndidi Goal HD – Leicester 1 – 0 Stoke… by LiveFootball28


Jamie Vardy Goal HD – Leicester City 2-0 Stoke… by FoootballLive

Лисите преку Марез имаа шанса за постигнување и трет погодок на денешниот натпревар, но Ли Грант го запре неговиот удар. Потоа алжирецот испрати непрецизен удар кон голот на Стоук, а на крајот Лестер победи, 2:0.

 

Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд ремизираше против ВБА, 0:0.

Во првото полувреме од натпреварот мируваа мрежите. Фелаини пропушти голема шанса во 55-та минута за погодок и водство на црвените ѓаволи.

Миктаријан лошо шутираше од блиску, па на крајот двата клуба ги поделија бодовите. Де Геа одлично реагираше по ударот на Флечер, а истото го направи и голманот на ВБА кој го одбрани ударот на Рашфорд од слободен удар. На крајот двата клуба ги поделија бодовите, 0:0.

 

Во останатите натпревари Хал го совлада Вест Хем, 2:1, Тотенхем на гости го победи Барнли, 0:2, а Вотфорд беше подобар од Сандерленд, 1:0.

Челси ќе остане прв со седум бода повеќе од второпласираниот Тотенхем. Црвените ѓаволи ќе останат на петата позиција со три бода повеќе од Арсенал и Евертон кои се на шестата и седмата позиција. Актуелниот шампион, Лестер ќе се искачи на тринаесетата позиција на табелата во ПЛ.