Бербатов се враќа во Англија?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Искусниот бугарски играч Димитар Бербатов би можел да се врати во Англија.

36-годишниот играч кој ги помина најдобрите денови во Тотенхем и Јунајтед, би можел да потпише за Салфорд Сити.

Бербатов минатиот викенд го гледаше натпреварот на овој тим и медиумите почнаа да шпекулираат дека тој најверојатно ќе заигра кај нив.

На крајот на минатата година Бербатов остана без тим, а иако се поврзува со многу тимови, тој сеуште слободен играч.

Кариерата ја започна во ЦСКА Софија, а во 2000-та година потпиша за Леверкузен. Потоа играше во Тотенхем, Јунајтед и Фулам, како и за Монако и Паок.