Берлускони „удри“ по Росонерите: Милан е толку лош што престанав да го гледам!

Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони признава дека не сака да ги гледа повеќе натпреварите на својот омилен тим.

Берлускони минатата година го продаде Милан и од тогаш повеќе пати го критикуваше тимот поради лошите игри, а сега отиде и чекор понатаму и кажа дека не може да гледа такви натпревари.

„Не ги гледам повеќе затоа што нивниот стил на игра е против сите мои фудбалски принципи, со кои станав најуспешен претседател во историјата на клубот. Во Милан не ги следеа моите упатства и затоа им е сега вака“, изјави Берлускони.