„Беше ова возбудлива трка!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По победата во Мелбурн на отворањето на сезоната, возачот на Ферари, Фетел денес на ГН Кина го освои второ место.

Побрз од него беше само Хамилтон, кој по 5-ти пат победи во Шангај.

Фетел по завршување на трката кажа дека е задоволен со постигнатиот резултат.

„Пневматиците за променливи услови брзо се трошеа затоа што патеката беше сува на одредени делови, па знаев дека нема да може долго да издржат. Мило ми е што ризикував во текот на виртуелното безбедносно возило, но потоа излегов баш кога станав побрз.“

„Се обидов да го стигнам Луис, но по секој можен одличен круг, тој добро одговараше. Трката можеше и поинаку да изгледа, но задоволен сум како заврши.“

Хамилтон и Фетел во моментов го делат првото место во генералниот пласман со 43 освоени бодови.