Бејл е подготвен за крајот на сезоната!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл се врати од повредата и ќе биде подготвен за натпреварот против Малага.

Тој ги пропушти последните 7 натпревари откако го скина мускулот против Барселона на 23-ти април.

Реал во недела од 20 часот игра кај Малага во последното коло од Ла Лига и потребен им е бод за да ја освојата титулата.

Реал има 3 бодови предност, а Барселона во последното коло игра против Еибар.

Бејл исто така ќе биде во конкуренција за тимот во финалето на ЛШ против Јувентус кое ќе се игра на 3-ти јуни.