Бејл или Вилијан? Па тоа е барем лесно? Или не е?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се појави приказна во медиумите, а кога подобро ќе размислите, ако може веќе да бира..

Мурињо може да бира.

Наводно, Бејл би сакал да се врати во Англија и во овој момент, дури и Реал размислува да го продаде.

Јунајтед е заинтересиран од претходно, но Мурињо смета дека Гризман му е повеќе потребен.

Тој на местото на крилен напаѓач би го донел Вилијан и смета дека би бил покорисен од Бејл.

Бејл е повреден, а води битка со времето да се врати за натпреварот во Кардиф против Јувентус.

Тој не успеа да се наметне во соблекувалната, ниту да покаже дека може да го наследи Роналдо, а тоа беше планот на Перез.

Поради тоа продажбата повеќе не е невозможна како во претходните сезони, но реално тешко дека може да плати некој 130 милиони евра за него.