„Билд“ пренесува, Арсенал најде нов тренер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што доверливиот германски весник пишува, Топџиите контактирале германски стратег, околу преземање на работата на Емирати.

Арсен Венгер е во последната година од договорот, наводно донесе одлука, медиумите пренесоа дека ќе потпише продолжување на уште година дена, но најновите информации германскиот весник „Билд“ зборува спротивно.

Имено, според најновите сознанија, Арсенал објави прелиминарни разговори со шефот на стручниот штаб на Борусија Дортмунд Томас Тухел!

Германецот долго фигурира во медиумите како можен наследник на францускиот стручнак, а оваа инфорација тоа и дефинитивно и потврдува.

Како што е утрото помаметно од ноќта, ќе сочекаме до утре наутро нови информации на оваа тема, но како што сега работите стојат Французинот навистина може да го напушти клубот од Емирати после 21 година.