Билд тврди дека Баерн е во преговори, Боатенг на излезните врати


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од играчите кој со сигурност ќе биде топ тема во финишот на преоден рок е Џером Боатенг.

Сигурно нема да ви биде тешко да претпоставите кој сака да го доведе во своите редови. Откако планот околу Мина му пропадна, Мурињо сака по секоја цена да го доведе Боатенг во своите редови, но исто така заинтересиран е и за Тоби Алдерверилд од Тотенхем.

Боатенг е седум години во Баерн, а добар дел од минатата сезона пропушти поради повреда , но сега наголемо се шпекулира неговото заминување во Јунајтед.

Целата ситуација ја објави и Билд, а наведе дека Баерн ќе бара 50 милиони. Исто така и Арсенал е заинтересиран за германскиот дефанзивец.

Се споменува и ПСЖ, па според овие информации Боатенг е еден од најбараните играчи овој преоден рок, но најмногу му е потребен на Мурињо, кој веќе со месеци бара штопер.