Би бил тим на гиганти: Овие играчи би можеле да играат за Чапекоенсе


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ретко на кого градот Чапес му значеше нешто пред трагичната несреќа во која загинаа 19 фудбалери на Чапекоенсе. Многумина никогаш немаа слушнато за тој град, а не знаеја ниту каде се наоѓа.

Сепак, несреќата ги соедини човечките срца ширум земјата, а во клубот остана тишина и празнина.

„Како би продолжиле кога немаме тим?“, главното прашање на Чапекоенсе.

Првиот чекор е направен. Роналдињо се врати од пензија за да игра за бразилскиот клуб, а Рикелме се подготвува за истата работа. Тоа се тие двајца засега. Во продолжение следат листа на играчи кои би можеле да го направат истото.

Дида

Легендарниот голман на Милан, Нелсон Дида активно играше фудбал до минатата година. Неодамна објави видео на кое покажа дека сеуште е во форма.

Маикон

Маикон неодамна остана без договор со Рома и моментално нема договор. Има ли подобар начин од ова да ја дополни својата богата кариера.

Роберто Карлос

43-годишниот лев бек, Роберто Карлос оваа година играше за Делхи и сеуште е во форма. Поранешната ѕвезда на Реал со своето доаѓање би ги кренала целите за новата сезона.

Фелипе Мело

Ангажманот на Фелипе Мело во Интер се ближи до крајот, 33-годишниот Бразилец стана вишок во градот на модата, а неговата агресија на средината на теренот би била од голема помош за бразилскиот тим.

Стивен Џерард

Поранешниот капитен на Ливерпул и легендата на клубот, Стивен Џерард баш неодамна замина во заслужена пензија. Одработи сезона и пол во Галакси и ја заврши својата кариера, но сеуште е во форма.

Ејдур Гудјонсен

Тој веќе беше поврзуван со Чапекоенсе по трагичната несреќа. Би можело навистина да се случи да заигра во Бразил.

Кларенс Сидорф

Еден од најдобрите играчи за врска во својата генерација. Кларенс Сидорф не е активен веќе 2 години. Но во тоа време не престана да тренира. Го покажа тоа неколку пати, на хуманитарните натпревари е несопирлив.

Дидие Дрогба

Дрогба е сеуште активен, а бидејќи е познат по својата хуманитарна работа би било убаво да го видиме во уште еден хуманитарен дел. Во дресот на Чапекоенсе.

Емануел Адебајор

Тој е слободен играч и со преминувањето во Чапекоенсе би му покажал на светот дека сепак е нешто повеќе од фудбалер кој бара само заработка.