„Би-Би-Си“: Како ќе изгледа составот на Реал по јануарскиот предеон рок


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По катастрофалниот почеток на сезоната под водство на Хулен Лопетеги, Реал Мадрид се врати на победнички патеки со Сантијаго Солари.

Претседателот Флорентино Перез немаше избор освен да му даде отказ на Лопетеги, откако Барселона ги посрамоти во „Ел Класико“.

„Би-Би-Си“ објави како би можел да изгледа составот на „кралевите“ по јануарскиот преоден рок, односно кои фудбалери очекуваат да заминат, а кои да пристигнат во Мадрид.

Се очекува заминување на Иско и Кејлор Навас од шпанскиот гигант, а во Мадрид најверојатно ќе пристигнат Месут Озил (не е сигурно), Брахим Дијаз и Есекиел Паласиос.

Секако, „кралевите“ се поврзуваат со уште неколку фудбалери, како што е Еден Азар, па останува да видиме во јануари дали „Би-Би-Си“ ќе погоди некоја од своите прогнози.