„Би дошол по него со автомобил во Рим, само да прифати“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашниот тренер на Рома Руди Гарсија кој сега ја води екипата на Марсеј, сакаше јануари на Велодром да го доведе играчот за врска на Рома Кевин Стротман.

Холандскиот фудбалер со договор со Волчицата е врзан до 2018 година, а тоа е познато кај Гарсија, па ќе проба Стротман во јануари да го доведе во својот тим.

Меѓутоа, понудата на францускиот гигант е одбиена.

„Дали пробавме да го доведеме Стротман? Да, се обидовме, но на крајот беше невозможно да го доведеме.

Не знам што ќе биде во иднина, но ако сака да дојде овде, спремен сум со автомобил да дојдам по него“, истакна Гарсија.

Одличниот играч за врска на Волчицата е член на овој тим веќе четири години.

Дури две години беше надвор од теренот поради тешки повреди, но во оваа сезона игра навистина добро и еден од клучните фудбалери на тимот на Лучиано Спалети.

Одигра вкупно 24 натпревари, и постигна два погодоци со три асистенции.