„Би сакал да играм за Реал Мадрид“


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Францускиот фудбалер и член на Севиља, Самир Насри изјави дека не ја одбил опцијата да заигра за тимот на Реал Мадрид.

Актуелниот шампион на Европа игра скоро неверојатна сезона во која се без пораз.

Насри, кој игра одлично откако стигна на позајмица во Севиља од Манчестер Сити, откри дека би сакал да заигра во Реал Мадрид.

„Да, секако. Би сакал да соработувам со Зидан и да играм за Реал Мадрид. Многу ретко е виден толку добар фудбалер да стане добар тренер. Неговата кариера е неверојатна. Во првите 32 натпревари ги сруши рекордите на Гвардиола. Пелегрини и Мурињо во поени во Ла Лига. Исто така ја освои ЛШ и прв е на табелата во Ла Лига.“