„Богот на фудбалот кажа Лестер мора да победи!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Лестер, Клаудио Раниери е прогласен во изборот на ФИФА за најдобар тренер во 2016 година. Искусниот Италијанец со Лестер ја освои ПЛ, а тоа е едно од најголемите изненадувања во историјата.

Раниери беше избран пред Зинедин Зидан, како и Фернандо Сантош.

„Ова е фантастична вечер за мене, прво да бидам овде во друштво на легендите, а потоа да ја примам оваа награда. Сега сум луд, многу луд, ви благодарам на сите што гласавте за мене.“

Италијанецот потоа додаде.

„Би сакал да и се заблагодарам на мојата сопруга, менаџерот, играчите, навивачите. Без нив немаше да ја освојам оваа награда. Тоа што се случи во Англија минатата година е нешто неверојатно. Богот на фудбалот кажа Лестер мора да победи!“