Бомба на Скај Италија: Интер го купува Модриќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку италијански медиуми како „Скај Италија“ и „Газета дело Спорт“ пренесуваат дека од Интер ќе се обидат да го донесат Лка Модриќ во своите редови.

Од клубот веќе оствариле контакт со претставниците на Лука Модриќ за неговиот евентуален трансфер во Италија.

32 годишниот фудбалер има феноменална сезона зад себе, а беше прогласен и за најдобар играч на Светското првенство во Русија.

„Скај Италија“ пишува дека Интер се договорил и со Алексис Санчез, но ќе почекаат неколку дена за да видат до каде ќе одат преговорите со Модриќ пред и официјално да го потврдат трансферот на Чилеанецот.

Доколку Модриќ пристигне на „Џузепе Меаца“, Артуро Видал по се изгледа ќе остане во тимот на Баерн Минхен.