Бомба на „Скај Спортс“, Челси го враќа Чех


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најугледниот англиски медиум пренесува дека од редовите на Челси подготвуваат шокантна понуда за во своите редови да го вратат Петр Чех од Арсенал.

Тоа би се случило доколку клубот од Лондон го продаде својот прв голман Тибо Куртоа во редовите на Реал Мадрид.

Денес излегоа шпекулации дека „Кралскиот клуб“ ќе стори се да го донесе белгискиот чувар на мрежата во своите редови во најскоро време.

Од Челси исто така се заинтересирани за голманот на Лестер и репрезентативец на Данска, Каспер Шмајхел.