БОМБА – Ништо од Јунајтед, ова е планот на Гризман!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Медиумите тврдат дека постојат преговори и дека клубовите ќе се договорат. Напаѓачот нема ништо против, а јасна е причината.

Изгледа дека Јунајтед ќе остане без Гризман. Дури ниту ако ја платат клаузулата, тоа нема да биде доволно, затоа што Гризман нема да ја прифати понудата.

Како што е откриено, од извори блиски на играчот, неговата намера е наредната сезона да игра во Атлетико, а потоа да се пресели во Реал Мадрид!

Перез поради Роналдо се откажа од Азар, а ќе почека уште една година, па потоа ќе го донесе Гризман.

Тогаш Кристијано ќе биде пред крајот на кариерата, па Гризман ќе биде негов наследник.

Реал го сака и Ернандез кој е на позајмица во Алавеш, но за да не ги расипе односите со соседите, нема да го донесе.

Перез демантираше дека Ернандез го расипува пријателството на двата клубови, а на крајот Реал не го купи Агуеро поради тоа, а што се однесува до Гризман, тоа се ќе биде во договор со Атлетико.