Бомба од Италија, Алегри заминува го менува светски познато име


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се погласно се шпекулира дека по крајот на актуелната сезона Макс Алегри ќе си замине од Јувентус и ќе се упати кон Лондон каде ќе биде нов предводник на тимот на Челси.

За таа цел од управата на Јувентус веќе се во потрага по тренер кој ќе го води клубот од следната сезона. Како што наведуваат италијанските медиуми, Зинедин Зидан е еден од кандидатите за клупата на Јувентус.

Зидан две години е на чело на Реал Мадрид, до пред оваа сезона освои се што можеше да се освои со „кралскиот клуб“ но оваа сезона не му оди баш најдобро. Имаат огромна бодовна негатива во однос на Барселона во Ла Лига и речиси сигурно ја изгубија титулата, а во Лигата на шампионите налетаа на ПСЖ, двомеч за кој сите сметаат дека парижаните се во предност.

Во јавноста веќе се зборува дека Перез го подготвил отказот за Зидан и само прашање на време е кога истиот ќе биде врачен. Дури и да не добие отказ на сред сезона, Зидан со сигурност нема да ги води „кралевите“ во наредната.

Ваквата ситуација сака да ја искористи тимот од Торино кој го имаше Зидан во своите редови од 1996 до 2001 година.