„Бомба“ од Италија: Интер го продава Икарди во Јувентус?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време преговараа агентката и сопруга на Мауро Икарди, Ванда со управата на Интер, а откако не се договорија клубот од Милано реши да му ја одземе капитенската лента на Аргентинецот.

Еден италијански новинар денеска објави дека Интер се согласил да го продаде Икарди и тоа на Јувентус, што навистина ќе ги налути навивачите на „нераѕурите“.

Новинарот добил информација дека Наполи му понудил голема плата на Икарди, а станува збор за девет милиони евра годишно, плус два милиони за бонуси, но Аргентинецот се одлучил за Јувентус.

Спортскиот директор на „Старата дама“, Фабио Паратичи се договорил со раководството на „нераѕурите“, а Икарди ја прифатил нивната понуда, но не се открива колку плата ќе добива на годишно ниво.

Не е познато колку пари ќе платат и „бјанконерите“ за трансферот, но откупната клаузула во неговиот договор е 110 милиони евра, па најверојатно Јувентус токму таа цена ќе ја плати.