Борбата за место во Лига на Шампиони продолжува – Атлетико подобар од Бетис во Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес од 18:30 се одигра натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Бетис, а подобар беше домаќинот со минимални 1:0.

Во 8-та минута прецизен беше Николас Гаитан кој испрати удар во мрежата на гостите, а тоа воедно беше и најголемата шанса во натпреварот.

Во текот на целиот натпревар имаше израмнета игра во некои делови, но играчите на Бетис повеќе се закануваа кон голот на Атлетико, поточно имаа 10 удари, од кои 6 беа во рамките на голот, но немаше ништо посериозно.

Со овие 3 бодови, тимот на Атлетико ќе остане на 4-то место на табелата со 34 бодови и ќе продолжи да се бори за место во ЛШ додека тимот на Бетис со овој пораз останува на 21 бод.