Борба на тимовите од Милано за голман на Јунајтед


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Аргентинскиот голман Серхио Ромеро ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на оваа сезона.

Овој 30-годишен чувар на мрежата минатите две сезони е резерва на шпанскиот голман Давид Де Геа.

Во оваа сезона настапи во 14 натпревари, но е најавено негово заминување од клубот.

Нова дестинација треба да биде еден од тимовите од Милано.

Интер и Милан покажаа сериозен интерес за него, но го гледаат како резерва варијанта за Самир Хандановиќ и Џанлуџи Донарума.

Сепак, прашање е дали ќе сака репрезентативецот на Аргентина за поврорно да седи на клупа.

Претходните две сезони на Олд Трафорд му беа за заборав, па веројатно ќе бара тим во кој ќе има шанса за игра.

Ромеро веќе порано бранеше во Италија. Беше член на екипата на Сампдорија, каде што навистина со одличните партии привлече внимание на себе.

Се одлучи во 2015 година да премине во Манчестер, каде што требаше да биде замена за Де Геа, кој беше на прагот од премин во Реал Мадрид, но трансферот брзо пропадна.

Тоа го чинеше, па 30-годишниот голман повеќе време поминуваше на клупата за резервни играчи.

Останува да видиме дали во наредните години ќе се повтори истото, а Ромеро на крајот ќе донесе конечна одлука.