Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најверојатно Милан ќе дојде до репрезентативецот на БиХ.
Според информациите кои ги пласираат италијанските медиуми, најверојатно е дека Сеад Колашинац, фудбалерот на Шалке, ќе стане нов фудбалер на Милан.
Договорот е во завршните преговори и дека се ќе се заврши во скоро време, пишуваат Кориере дело Спорт.
Договорот на Колашинац му истекува на крајот од оваа сезона, а Милан му понудил четиригодишен договор со плата од 2.5 милиони евра годишно.
Сигурно е дека заинтересираносста за овој фудбалер е голема.
Медиумите пишуваа како го бараат тимовите од Премиер лига.
Оваа сезона, левиот бек на БиХ одигра 20 натпревари во Германската Бундес лига и постигна три гола.