Босна испушти предност од два гола со Грција, Италија го прегази Лихтенштајн! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Босна и Херцеговина испушти триумф на домашен терен против Грција, иако имаше водство од 2-0, но на крајот нашиот јужен сосед израмни на 2-2.

Босанците стигнаа до предност во 10. минута од 1-0, а пет минути подоцна Миралем Пјаниќ со ремек-дело зголеми на 2-0. Сепак, во второто полувреме Грците заиграа многу подобро, па преку Коловс и Фортунис израмнија на конечни 2-2.

Италија одигра фантастичен меч против Лихтенштајн, па го победи со 6-0, а во листата на стрелци се запишаа Сенси, Верати, Кин, Паволети и двапати Кваљарела.

Останати резултати:

Ерменија – Финска 0-2
Ирска – Грузија 1-0
Малта – Шпанија 0-2
Норвешка – Шведска 3-3
Романија – Фарски Острови 4-1
Швајцарија – Данска 3-3