Ботас на пол позиција во Австрија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Австрија.

Финецот на патеката „Ред Бул ринг“ ја запиша својата втора пол позиција оваа сезона и воедно втора во кариерата.

Од втората позиција ќе стартува Себастијан Фетел, а трет квалификациите ги заврши Луис Хамилтон. Сепак, Британецот трката ќе ја стартува од осмата позиција поради недозволената промена на менувачката кутија.

По ваквиот развој на настаните од третата позиција ќе тргне вториот возач на Ферари, Кими Раиконен, а веднаш зад него ќе биде возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо.