Браво сепак го напушта Сити и се враќа во својот поранешен клуб, но не во Барселона

Клаудио Браво на „Етихад“ пристигна како спасител, но не се прослави со многу успех. Чилеанскиот голман не успеа да го докаже својот кавалитет, а Пеп Гвардиола веќе е во потрага по нови решенија.

Имаше гласини за неговото враќање во Барселона, а сега шпанските медиуми јавуваат дека Браво е мета на Реал Сосиедад. Голманот го носеше дресот на овој клуб од 2006. до 2014. година.

Имено, екипата од Сан Себастијан најверојатно ќе остане без првиот голман, Героним Рули, кој е мета на Барселона и Реал.

Управата на клубот е решена во обидот да го врати Браво на „Аноета“, а тоа најверојатно ќе го направи следното лето.