Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесоа информација дека играч за врска може да пристигне во Манчестер Сити оваа зима.
Сити најверојатно ќе купува во јануарскиот преоден рок, а Гвардиола верува дека му недостига барем уште еден дефанзивец, но сепак информациите зборуваат дека постои можност да пристигне и еден играч за врска.
Англиските медиуми пренесуваат дека на радарот на Сити се нашол фудбалерот на Шахтјор, Фред.
Фредерико Родригес Сантос, познат како Фред, во Доњецк пристигна во 2013-та година.
Тој досега има одиграно 140 натпревари во дресот на актуелниот шампион на Украина и постигна 12 голови.
Сепак ова е само шпекулација, затоа што немало никаков контакт помеѓу двете страни.
Се огласи и фудбалерот, но тој признава дека му годи интересот на некои тимови за него.
„Сеуште немам добиено повик, но со нетрпение го очекувам. Ќе ме повикаат наскоро.“, изјави во шега 24-годишниот Бразилец.