Бразилец пристигнува во Манчестер: Дали после овој трансфер некој ќе може да му се спротистави на Сити?

Англиските медиуми пренесоа информација дека играч за врска може да пристигне во Манчестер Сити оваа зима.

Сити најверојатно ќе купува во јануарскиот преоден рок, а Гвардиола верува дека му недостига барем уште еден дефанзивец, но сепак информациите зборуваат дека постои можност да пристигне и еден играч за врска.

Англиските медиуми пренесуваат дека на радарот на Сити се нашол фудбалерот на Шахтјор, Фред.

Фредерико Родригес Сантос, познат како Фред, во Доњецк пристигна во 2013-та година.

Тој досега има одиграно 140 натпревари во дресот на актуелниот шампион на Украина и постигна 12 голови.

Сепак ова е само шпекулација, затоа што немало никаков контакт помеѓу двете страни.

Се огласи и фудбалерот, но тој признава дека му годи интересот на некои тимови за него.

„Сеуште немам добиено повик, но со нетрпение го очекувам. Ќе ме повикаат наскоро.“, изјави во шега 24-годишниот Бразилец.