Британска телевизија плати 1.36 милијарди евра за ТВ права


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британската телевизиска куќа БТ Спорт објави склопување на нов договор за ексклузивни права за пренос на фудбалската ЛШ и Европската лига.

БТ Спорт и УЕФА потпишаа тригодишен договор вреден неверојатни 1.36 милијарди, е што е раст за 25 % во однос на минатиот договор на двете страни.

Скапоцениот договор го предизвика тоа што БТ сака ексклузивни можности за прикажува на се што е поврзано за Лигата на шампионите, а ќе помогнат друштвените мрежи што имаат намера да прикажуваат делови од случувањата на теренот со цел да ги поттикне потрошувачите да се претплатат на нивните услуги.

Оваа зделка е склучена на взаемно задоволство, а постои можност за поради овој нов и скапоцен договор од 2018 година да дојде до промена на термините од натпреварите од ЛШ (на пример 18:00 и 20: 00 часот). БТ Спорт пренесува ЛШ од 2015 година, моментално има 512 000 претплатници, а во текот на сезоната нуди бесплатно 13 натпревари.

Меѓутоа, допрва останува да се види какви конкретно промени ќе се случат после склучувањето на зделката вредна неверојатни 1.36 милијарди фунти.