Британски пејач го провоцираше тимот на Алиоски, па доби брутален одговор


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Европските клубови во последните неколку години се многу по опуштени на социјалните мрежи кога треба да влезат во расправа со некој или да му одговорат.

Најдобар пример за ова е клубот на нашиот Алиоски, Лидс Јунајтед, кој на својата официјална Твитер страница му посвети еден твит на Нијал Хоран, 25 годишна британска поп ѕвезда.

Но, причината за ова беше затоа што клубот беше предизвикан. Хоран е познат како голем навивач на Дерби Каунти, а на својот Твитер профил напиша „На никој не му се допаѓа Лидс Јунајтед“.

Меѓутоа, ирскиот пејач не очекуваше дека ќе добие одговор од страна на Лидс.

„На никој не му се допаѓа твојата соло кариера“, беше одговорот од клубот на Лидс Јунајтед.

Да потсетиме, Нијал Хорман беше фронтмен на мегапопуларната британска група One Direction која ја напушти во 2016 година.