Бројките велат Меси и Облак: Кој е навистина најдобар во 2016?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот мајстор Лионел Меси е најефикасен фудбалер во 5-те најдобри лиги во 2016 година додека Јан Облак од Атлетико Мадрид исто така е најдобар.

Меси во текот на 2016 година постигна 51 гол за Барселона во 51 натпревари, а исто така постигна и 8 голови во 11 натпревари за Аргентина.

На второ место е Суарез со 48 голови во 49 натпревари. Роналдо е на 3-то место со 42 голови во 44 натпревари за Реал додека за Португалија постигна 13 голови во 13 натпревари.

Топ 5 најефикасни играчи се уште Ибрахимовиќ кој за ПСЖ и Манчестер Јунајтед постигна 39 голови, односно Кавани кој постигна 34 голови за ПСЖ.

Меѓутоа, до крајот на годината Јунајтед и Сити имаат уште по 2 натпревари, па Ибра и Агуеро, кој се наоѓа на 8-мо место, може да ја поправат статистиката.

Меѓу 10-те најдобри напаѓачи во ПЛ, Примера, БЛ, Серија А и Лига 1 се наоѓаат 5 Јужно-Американци, 4 европски и 1 африкански фудбалер.

Листата на голмани на предводи Јан Облак кој во дури 29 натпревари не прими гол. Буфон се наоѓа на 2-ро место со 22 натпревари без примен гол, а на 3-то место е Ноер со 21 натпревари без примен гол.

Стрелци:

1. Лионел Меси 51/51
2. Луис Суарез 48/49
3. Кристијано Роналдо 42/44
4. Златан Ибрахимовиќ 39/42
5. Едисон Кавани 34/43
6. Роберт Левандовски 34/45
7. Гонзало Игуаин 33/42
8. Серхио Агуеро 31/41
9. Обамејанг 31/41
10. Александре Лаказет 29/37

Голмани:

1. Јан Облак 29
2. Џанлуиџи буфон 22
3. Мануел Ноер 21
4. Икер Касиљас 18
5. Серхио Рико 17
6. Стефан Руфиер 17
7. Каспер Шмајхел 17
8.Жоан Кардинале 16
9. Даниел Субашиќ 16
10. Ентони Лопез 15