Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот тренер Јирген Колоп ја презеде екипата на Ливерпул во октомври 2015 година, но се чини дека не направи никакво посебно поместување во изминатата година и половина.
Челниците на овој клуб беа незадоволни со тогашниот тренер Брендан Роџерс, па одлучија да го заменат Клоп и тогаш се чинеше дека направија потег на деценијата.
Сепак, овој контроверзен Германец не успеа да направи ништо посебно засега, а тоа покажуваат и бројките.
Имено, Клоп досега го водеше Ливерпул во 65 официјални мечеви и запиша 33 победи, 18 реми и 14 порази.
Интересно, идентичен учинок имаше и Роџерс во првите 65 мечеви на клупата на клубот од Енфилд.
Да потсетиме, Роџерс во сезоната 2013/14 се бореше и за титулата шампион, но пехарот на крајот сепак избега.
Од друга страна, Клоп, се чини, ќе го врати Ливерпул во ЛШ во наредната сезона, иако многумина сметаат дека нивната игра сеуште не е на нивото за најелитното клупско натпреварување во Европа.