Будуќност го посрамоти МЗТ – Дебакл на Аеродромци во Подгорица!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Денес се одигра натпревар од АБА лигата помеѓу Будуќност и МЗТ, а тимот од Црна Гора стигна до победата.

Натпреварот започна израмнето и со солидна игра на МЗТ во првата ¼-на која заврши со 22:22, но тука започна патот кон дното на МЗТ. Во следната ¼-на Будуќност успеа да направи разлика  и да замине на полувреме со предност од 43:36.

Второто полувреме започна катастрофално за МЗТ кој беше поразен во третата ¼-на со 34:16, а во последната ¼-на имаше рутинска игра на тимот од Црна Гора и победа од 92:61.

Најдобар стрелец кај Будуќност беше Поповиќ со 17 поени додека кај МЗТ беше најдобар Темс со 20 постигнати поени.